МВР

Утре посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради ревијална трка

05.06.2026 20:31

Ревијалната трка ќе започне од Порта Македонија, по што учесниците ќе се движат по улиците „Димитрие Чупоски“ и „Васил Главинов“, потоа по булеварот „ВМРО“ и булеварот „Илинден“ до крстосницата со улицата „Наум Наумовски Борче“, кај споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк.

Во сабота, 6 јуни, во периодот од 17 до 18 часот, во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на ревијална трка. Од МВР информираат дека ќе бидат преземени мерки за безбедно и непречено одвивање на настанот, а сообраќајот на дел од улиците ќе биде пренасочен.

Ревијалната трка ќе започне од Порта Македонија, по што учесниците ќе се движат по улиците „Димитрие Чупоски“ и „Васил Главинов“, потоа по булеварот „ВМРО“ и булеварот „Илинден“ до крстосницата со улицата „Наум Наумовски Борче“, кај споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк.

Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје најавуваат дека за време на трката сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници на сообраќајниците опфатени со посебниот режим.