рочиште
Одложено рочиштето за поранешниот директор на ЈП „Комунална хигиена“
05.06.2026 14:00
Се одложи рочиштето против поранешниот директорот на скопски комуналец Сабахадин Рустеми и управителот за отпад во претпријатието Аки Саити за случајот со насобирање ѓубре во главниот град.

На барање на обвинителството се одложи рочиштето против поранешниот директорот на скопски комуналец Сабахадин Рустеми и управителот за отпад во претпријатието Аки Саити за случајот со насобирање ѓубре во главниот град.
Обвинителката рече дека немала доволно време за да се запознае со доказите и да го проучи предметот. На обвинетите им се суди за кривично дело Загрозување на животната средина и природата со отпад.
Ново рочиште е закажано за 15-ти јули.
