стоби

Конзерваторска работилница во Стоби

07.06.2026 17:59

Посетителите на работилниците кои се студенти од странство, имаат обука за конзервација и реставрација на керамика и архитектонска конзервација. Дел од нив работат на Теодосијанската палата...

Петнаесетина студенти, повеќето од САД, две седмици се учесници на две работилници на археолошкиот локалитет Стоби. Првата е за конзервација и документација на римска керамика, втората за конзервација на ѕидови. По 15-ти пат се организира работилницата за конзервација, која нуди теоретска и практична обука изучување на римската и доцноримска керамика.

Учесниците работат во теренската лабораторија на Стоби со автентични керамички наоди од античкиот град, при што се запознаваат со различни конзерваторски методи и техники во заштитата на археолошки артефакти. Втората работилница за архитектонска конзервација е втора година. Таа нуди на студентите и волонтерите единствена можност да стекнат теоретско знаење и практично искуство во конзервацијата на автентични римски и доцноримски археолошки предмети пронајдени во Стоби. Ментор е Дејвид Карингтон од Обединетото Кралство.

„Учествуваме во проект за конзервација со тим студенти од САД, Бугарија и Македонија. Ги едуцираме студентите за методи на конзервација на ѕидовите преку користење на традиционални, автентични материјали за сочувување на архитектонските остатоци. Со оваа школа ќе завршиме дел од конзервација на еден неконзервиран ѕид од Теодосијанската палата. При крај сме со конзервацијата на ѕидовите на целиот објект, на којшто претходно се правела во 1930-тите години и ѕидовите веќе беа во лоша состојба и имаа очајна потреба од конзерваторски третман“, изјави Дејвид Карингтон конзерватор од Велика Британија.

Учесниците работат на конзервација и документација на римската и доцноримската архитектура на Теодосијанската палата. Програмата комбинира теоретска настава со практична обука, изведување конзерваторски работи на терен. И двете се организирани со партнерот од Бугарија Балканско наследство и со времетраење од две седмици.

Петар Печков