Скопје добива 40 нови возила и 2.600 контејнери за подобрување на јавната хигиена
Градот Скопје ќе добие 40 нови комунални возила, две претоварни станици и 2.600 контејнери како дел од инвестициите за решавање на проблемот со отпадот. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави и вложувања во велосипедската инфраструктура.

Градот Скопје го решава проблемот со отпадот. Ќе добие нови 40 возила, две претоварни станици и 2.600 контејнери. Градоначалникот Ѓорѓиевски најави инвестиции и во велосипедската инфраструктура.
Преку двата владини повика за поддршка на општините во 2024 и 2025 година се обезбедени 350 милиони евра за реализација на локални инфраструктурни проекти, рече министерот за транспорт Николоски.
Над 25 милиони евра се инвестирани во локалната патна инфраструктура изминативе две години.
Досега се рехабилитирани 103 километри локални патишта. Николоски истакна дека во однос на комуналната јавната хигиена со инвестиција од 4,2 милиони евра се набавуваат нови возила и опрема за одржување на хигиената низ општините.
Наредната недела заедно со Светска банка се планирани нови проекти коишто ќе бидат во насока на подобрување на состојбата во општините, уверува министерот за транспорт, Николоски.
Ана Јосифоска
