Преминот Маркова Нога - Лемос од грчка страна треба да биде готов до 2028-ма
Додека езерото се бори со последиците од климатските промени и човечкиот притисок, европската унија најавува нови инвестиции за негова заштита и развој. На Денот на животната средина, во фокусот беше и граничниот премин Маркова Нога – Лемос, кој треба да ги поврзе двете страни на преспа. Евроамбасадорот Рокас вели дека преминот би можел да биде готов до 2028 година, но со реченица што измами насмевки додаде – „ќе видиме, сепак ова е Балкан“ …

Заштита на екосистемот на преспанското езеро, одржливо земјоделство и туризам и подобри можности за населението во регионот – сето ова го нуди програмата еу за преспа која претставува долгорочна инвестиција во одржливата иднина на регионот. Инвестициите претставуваат добробит за државата, но и за граѓаните. Соработка и побрз проток на стоки преку граничниот премин Маркова Нога – Лемос.
Инвестицијата ги зајакнува регионалните транспортни врски, истовремено обезбедувајќи развојот да биде усогласен со еколошките стандарди и заштитата на уникатните екосистеми во ова подрачје.
Од темпото на работа задоволни и финансиерите на проектот, Европската унија и изведувачот УНДП.
Преминот Маркова Нога е само еден од проектите на Европската унија за Преспа преку кој се работи и на обнова на екосистемите, намалување на загадувањето, подобрено управување со отпадни води и отпад, примена на одржливи земјоделски и туристички практики, како и унапредување на прекуграничната соработка.
Миле А. Ристески
