Пораки по самитот ЕУ - Западен Балкан
Европската унија останува посветена на проширувањето . Од самитот во Тиват, повик до земјите од Западен Балкан да ги преземат потребните чекори и да го искористат моментумот. Премиерот Мицкоски на иста маса со Марон и Мерц. Вели, да испорачаме реформи, но и да го сочуваме националното достоинство. Бугарија останува на ставот за уставни измени. Во фокусот е и германско-францускиот нон пејпер, кој предвидува постепена интеграција на земјите кандидати во европските политики и пазарот, пред полноправното членство.

Европската унија останува посветена на проширувањето и најсилен партнер на земјите од Западниот Балкан-порака по самитот во Тиват. Челниците на Европската комисија и Европскиот совет ги повикаа лидерите на земјите од Западен Балкан да ги преземат сите потребни чекори и да го искористат моментумот.
Антонио Кошта потврди дека се разгледувале нови идеи, како да се оптимизира и забрза процесот на пристапување и да се намалат бирократските процеси. И Фон дер Лајен согласна, сепак земјите кандидатки ќе мора да ги исполнат реформите, да донесат тешки одлуки, а членството во ЕУ ќе се темели на системот на заслуги.
Заедно градиме посилна, поврзана и поиновативна иднина – ваква порака по самитот објави премиерот Мицкоски. На маргините, шефот на македонската влада оствари средби со германскиот канцелар Мерц и францускиот претседател Макрон, меѓу темите и уставните измени. Наша задача како влада е да напредуваме, но истовремено да не го изгубиме достоинството, дециден е Мицкоски.
Бугарскиот претседател изрази подготвеност да им помогне на земјите на Западен Балкан да станат членки во ЕУ, но како што вели Радев, се чека Македонија да ги спроведе уставните измени.
Во пресрет на самитот беше презентиран нон пејперот на Мерц и Макрон во кој предлагаат постепена интеграција на земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија, како и поедноставување на процесот на преговори, кој би продолжил да се базира на заслуги.
Европските челници потврдија оти ова нема да важи за Црна Гора која се наоѓа пред финиш линијата и најверојатно до 2028-ма ќе стане 28 членка на Европската унија.
Викторија Милевска
