Прилеп

Отворен 60-от МТФ „Војдан Чернодрински“

06.06.2026 16:06

Со доделување на наградите за животно дело и со првата претстава во официјалната конкуренција за награди во Прилеп синоќа е отворен јубилејниот 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. За отворен го прогласи покровителката, претседателката Гордана Сиљаноска-Давкова.

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели кои инспирираат, многупати вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова на отворањето на 60-то јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. За министерот за култура Зоран Љутков, фестивалот е временска алка на високи театарски вредности.

Фестивалот ги додели наградите за животно дело на Атила Клинче, Сашо Миленковски, Веби Керими и на Љубомир Чадиковски.

Фестивалот потсети на својата шестдецениска историја.

Елизабета Митреска