екологија

Влажното огревно дрво ги труе граѓаните

06.06.2026 18:43

Пролетта значи поубаво време, кога ретко кој помислува на аерозагадувањето. Но, реалноста е дека 7 од 12 месеци во годината живееме со загаден воздух. Една од причините е горењето огревни дрва со голема влажност, што испушта многу ПМ – честички. Екоактивистите бараат законски измени и стратегија за шумските претпријатија.

Сто проценти дистрибуција на влажно огревно дрво до корисниците кое им овозможува 30 посто помалку топлина и дури 300 проценти поголемо аерозагадување со ПМ честички, покажува завршната анализа на проектот „Стоп за аерозагадувањето“.

Од „Геосфера“ велат дека неопходна е стратегија на шумските претпријатија во однос на сеча, заштита па дистрибуција со суво огревно дрво. Но, неопходни се и законски измени и регулативи.

Останува отворено прашањето и како да се справиме со дивата сеча. Анализи покажуваат дека околу седум месеци годишно дишеме загаден амбиентален воздух. Резултатите од проектот „Стоп за аерозагадувањето“ беа презентирани пред пратеници, претставници на граѓанскиот сектор како и надлежни од Локалната самоуправа. Проектот е имплементиран од здружението „Геосфера“ со поддршка на Европската унија.

 

Ружица Аџикотарева Ѓоршевска