Во Кочани ќе се одржи 45-от марш на ангелите
За вистината да не остане без глас и правдата да не биде без крај. Не забораваме и не отстапуваме, маршот е нашата сила, порачуваат родителите на загинатите.

Попладне во Кочани ќе се одржи 45-от марш на ангелите во организација на „16-ти март“ – Здружението на родителите на загинатите во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Повторно ќе чекориме, не затоа што времето ја намалува болката туку затоа што љубовта не престанува, а правдата не смее да чека. овој марш е за сеќавање и за одговорност.
За вистината да не остане без глас и правдата да не биде без крај. Не забораваме и не отстапуваме, маршот е нашата сила, порачуваат родителите на загинатите.
45-от марш на ангелите почнува од Паркот на револуцијата во Кочани, а ќе заврши пред спортската сала Кочански ангели.
