Во Струмица отворен Центар за менаџирање на дебелина
Во Струмица отворен Центар за менаџирање на дебелина во кој се повеќе помош бараат млади кои имаат прекумерна тежина. На ниво на држава други 15 отсто од децата и адолесцентите се обезни и подложни на дополнителни здравствени компликации.

Дури 50 отсто од регистрираните пациенти кои побарале помош во Центарот за менаџирање на дебелина во Струмица се млади. Вака потенцираше директорот на струмичката болница Гоце Христов во рамките на кампањата за подигање на јавната свест дека дебелината не е состојба, туку болест која може да предизвикува дополнителни компликации.
Директорот Христов заедно со првиот човек на клиниката за еднокринилогоија и претседател на здружението за обезност д-р Ирфан Ахмети го промовираа и новиот кабинет за таа намена во Струмица.
Ахмети потенцираше дека 15 отсто од децата и адолесцентите во земјава се со прекумерна тежина.
Во Центарот за менаџирање на дебелина во Струмица ќе има интердисциплинарен пристап каде ќе се работи на советување, превенција но и се педикаментозна терапија.
Ване Трајков
