косово
Утре во Косово ќе се одржат вонредни парламентарни избори
06.06.2026 17:23
Гласањето доаѓа откако политичките партии не успеаја да постигнат компромис за изборот на нов претседател...

Утре во Косово ќе се одржат вонредни парламентарни избори, трети за помалку од година ипол, како показател за длабоката поделеност во земјата. Гласањето доаѓа откако политичките партии не успеаја да постигнат компромис за изборот на нов претседател.
Партијата на премиерот Курти има јасно парламентарно мнозинство по претходните избори во декември, но не успеа да обезбеди поширока поддршка во 120-члениот парламент, што беше потребна за избор на нов шеф на државата.
ЕУ ги повика политичарите во Приштина да создадат силни институции кои можат да ги спроведат реформите, потребни за приклучување кон блокот.
