Тутун

Тутунарите не треба да враќаат пари, очекуваат субвенции и го зголемија производството

07.06.2026 12:20

Државата се премисли – тутунарите не треба да враќаат субвенции за 2024 година. Ги чекаат ланските субвенции, а го зголемија производството.

Околу 90 тутунари земјава не треба да ги враќаат субвенциите за 2024 година, уверуваат од Сојузот на земјоделските здруженија, без разлика што првично од платежната агенција им беше најавено тоа. Станува збор за околу 300 до 400 000 евра кои ќе останат кај производителите. 

Што се однесува пак до субвенциите за ланската реколта тутун, тие ќе им бидат целосно исплатени за 15-тина дена. Ова стигнува при крај на расадувањето на годинашнава реколта тутун и пред почетокот на бербата.

Времето засега им оди на рака на производителите. Некои ги зголемија површините и очекуваат поголем род.

Тутунарите годинава очекуваат солиден род тутун, поголем од ланскиот.

Елизабета Митреска