Струмица

Викенд населба до Смоларскиот водопад

07.06.2026 14:02

Со цел да се зголемат сместувачките капацитети и да се поттикен руралниот туризам во непосредна близина на Смоларскиот водопад ќе се гради викенд населба. Предвидени се 30 парцели со типски куќи...

Во непосредна близина на Смоларскиот водопад ќе никне викенд населба со цел да се зголемат сместувачките капацитети за престој на туристи и посетители кои сакаат да уживаат во природните убавини на Беласица. Општината веќе ја спрема документацијата за продажба на 30-тина парцели кои ќе бидат со по 500 квадратни метри.

Ова ќе биде втора викенд населба во непосредна близина на природните убавини на Беласица. Кај Мокрино лани беа продадени 21 парцела за подигање викенд куќи кои заедно со новата населба кај Смоларе треба да ја зголеми понудата од сместувачки капацитети во руралните средини.

Илјадници гости од земјава но и од странство секое лето доаѓаат во подбеласичкиот регион да уживаат на водопадите но и да ги посетат културно историските локалитети на Беласица.

 

Ване Трајков