Влада

Акцискиот план за малцинствата е готов

06.06.2026 19:20

Предлог-акцискиот план за малцинства е изработен на македонски и англиски јазик, од домашни и меѓународни експерти, во блиска консултација со Советот на Европа и со Европската комисија.

Акцискиот план за малцинства е готов и е усогласен со експерт од Европската комисија, со 26 земји-членки на ЕУ, освен со една, рече премиерот Мицкоски, алудирајќи на Бугарија, која се противела и на тоа да бидеме дел од иницијативата трите мориња.

Досега имаше две јавни расправи. Предлог-акцискиот план за малцинства е изработен на македонски и англиски јазик, од домашни и меѓународни експерти, во блиска консултација со Советот на Европа и со Европската комисија.

Содржи јасно дефинирани мерки, рокови и надлежни институции, и е по највисоки европски стандарди, велат од Владата.