Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност

07.06.2026 09:02

Сончево и топло со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд...

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.