Парламентарни избори денеска во Косово
Денеска се одржуваат парламентарни избори, трети за повеќе од една година, откако парламентарните партии не успеаја да постигнат договор за избор на нов претседател на државата...

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, трети за повеќе од една година, откако парламентарните партии не успеаја да постигнат договор за избор на нов претседател на државата.
Предвремените избори одразуваат долгорочна политичка и институционална криза во која движењето самоопределување на премиерот Албин Курти се надева на уште една победа. Право на глас имаат 2.092.174 гласачи. Избирачките места се отворени во 7 часот и се затвораат во 19 часот. На изборите учествуваат 21 политички субјект, со 902 кандидати за пратеници, од кои три коалиции, 17 политички партии и еден независен кандидат.
Аналитичарите повторно предвидуваат победа на партијата самоопределување на Курти. Но, овој пат, Курти сепак ќе мора да постигне компромис со опозициски партии за да обезбеди двотретинско мнозинство потребно за избор на нов претседател.
