Апи -туризам

Медот ги привлекува туристите

07.06.2026 18:34

Од едно пчелно семејство, до повеќе од 500 кошници – приказна за упорност и живот посветен на пчеларството. Диховскиот мед и апи-туризмот стануваат сè поголем магнет за странските посетители.

Почнал со едно, а денеска се грижи за петстотини пчелни семејства. Младиот пчелар Нацо со своето четиричлено семејство две децении живее исклучиво од пчеларството. Вели дека по диховскиот органски мед, меѓу странците популарен е и апи туризмот. Сподели дека проблем останува посетата на голем број мечки.

Амбасадорот Прескер нагласи дека во Словенија од рана возраст на децата им се всадува знаењето за важноста на опстанокот на пчелите на планетата Земја. Но и придобивките од медот.

Ученици од Трновското подрачно училиште „Д-р Трифун Пановски“ присуствуваа на едукативниот дел.

За разлика од ланската која беше сушна, годинава пролетните дождови овозможуваат добра паша. Според земјоделскиот институт македонската автохтона пчела одлично се приспособува на климатските промени. Па пелистерските пчелари очекуваат квалитетни обилни количини мед.

 

Ружица Аџикотарева Ѓоршевска