Даночно затајување
Управителот на „Трго Мак-Пром-МБК“ ДООЕЛ Ново Село заработи кривична пријава за даночно затајување и фалсификување и уништување деловни книги.
Кривичната пријава ја поднесе СВР Струмица. Пријавениот, во работењето во наведената фирма не пресметал и не платил данок на додадена вредност, а во книговодствената евиденција не ги евидентирал и фактурите за набавените цигари во текот на 2011 и 2012 година. Со тоа одбегнал да плати персонален данок и го оштетил Буџетот на Македонија во вкупен износ од 18.134.613 денари.
Автор: Наташа Гркова-Петрушевска