Светска банка: Македонскиот Катастар меѓу најефикасните институции
Македонскиот Катастар се вбројува во групата на најефикасни институции од овој вид во светот, велат експертите на Светска Банка.

Македонскиот Катастар се вбројува во групата на најефикасни институции од овој вид во светот, велат експертите на Светска Банка.
„Преку реформите успеавте да ја претворите Агенцијата за катастар на недвижности од техничка организација фокусирана на инженерскиот аспект и геодетските премери во модерна и фокусирана на давање услуги на клиентите. Клиентите никогаш не се задоволни и сигурна сум дека има уште многу работи кои може да се подобрат. Многу импресивно е што сте успеале да го намалите просечното времетраење на трансакцијата за впишување од 60 дена на 1 ден“, изјави Сари Сандерсон, претставник на Светска банка.
Нашите искуства веќе се пренесуваат на повеќе сродни институции во повеќе земји во светот меѓу кои и на Катастарот во Никарагва.
