Македонија

Осветен крстот на црквата во Трубарево

07.06.2026 14:24

Се освети крстот во дворот на црквата „Свети Георгија Победоносец“ во скопско Трубарево. Жителите задоволни во нивното место е подигнат еден од најголемите црковни крстови во земјава.

Осветен православниот крст во дворот на храмот посветен на Свети Ѓорѓи Победоносец, во скопско Трубарево. Со висина од речиси 29 метри, тој претставува еден од највисоките крстови, подигнати во црковните дворови низ Македонија.

Локалните жители задоволни, велат, за нас како православни христијани, ова е најсветиот знак и симбол на нашата вера.

Иако овој православен храм е осветен во 1982, на ова место имало крст уште од времето на Отоманската империја, каде локалните жители се собирале за да го прослават верскиот празник „Свети Ѓорѓи“ односно Ѓурѓовден.

 

Марија Котовска