32. конгрес на СДСМ за нова идеолошка платформа
Обединети за одлуките што ќе ја обликуваат нашата иднина – Филипче од 32. конгрес на СДСМ за новата идеолошка платформа и програма испрати порака – историјата нема да не чека, Македонија не смее да остане европска провинција.

Не ни треба нов партиски речник, туку нов морален завет. Тој завет почнува од трудот – рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче во обраќањето на 32. конгрес. Под мотото „Твоја држава – твоја шанса“, партијата добива нова идеолошка платформа и програмска рамка на делување, базирани на шест столбови, документи кои ќе ги дефинираат идните политички насоки и приоритети на социјалдемократите. Филипче најави засилен притисок кон власта, од која се бара јасен државен план за преговорите со ЕУ, притоа, истакнување дека времето за изговори е истечено. Тој најави и обединување на прогресивните сили.
Европската унија испрати силен сигнал дека Западниот Балкан е дел од Европа, а процесот на проширување станува по практичен. Треба да го искористиме моментот бидејќи историјата не нè чека и не смееме да останеме политичка провинција, рече Филипче.
Граѓани кои се борат со скапотија и корупција, застој во институциите и конфузија во стратешките прашања. Власта зборува за стабилност, а произведува несигурност. Она што е опасно, како што кажа Филипче е што целата слабост се прикрива со националистичка реторика. Филипче рече дека ќе се држат до суштината на социјалдемократијата: правда наместо привилегија, солидарност наместо страв, фер оданочување, силни институции наместо партиска држава и европска иднина наместо националистичка магла.
Миле А.Ристески
