Кривичен суд

Жалбата на Богоев на мислење во Обвинителството

07.06.2026 16:43

Жалбата во петокот била пратена до обвинителството на мислење, а по комплетирањето на списите, судијата на претходна постапка, предметот ќе го достави до Кривичниот совет на одлучување.

Кривичниот суд потврди – одбраната на првоосомничениот во случајот со местење тендер во царината, Стефан Богоев доставила жалба за одредениот 30 дневен притвор.

Жалбата во петокот била пратена до обвинителството на мислење, а по комплетирањето на списите, судијата на претходна постапка, предметот ќе го достави до Кривичниот совет на одлучување.

Одбраната на Богоев понудила гаранција од 60 илјади евра за да се брани од слобода, а навела и аргументи зошто нема опасност од бегство или од влијание врз сведоци. Богоев и уште тројца лица се осомничени за местење тендер вреден 300 илјади евра, а тој и за примање награда од 1.800 евра.