Временска прогноза

Претпладне сончево, поладне дожд, грмежи и засилен ветер

08.06.2026 08:05

Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен северен ветер...

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.