Муцунски во работна посета на БиХ
Ќе има средба со министерот за надворешни работи, Елмедин Конаковиќ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе оствари еднодневна работна посета на Босна и Херцеговина. Ќе има средба со министерот за надворешни работи, Елмедин Конаковиќ. За време на посетата, која се реализира на покана на министерот Конаковиќ, се очекува да бидат потврдени одличните билатерални односи и континуираната соработка во областите од заемен интерес.
Се очекува да бидат разменети мислења за можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план, со посебен акцент на унапредувањето на надворешната трговија. На средбата се очекува да стане збор за европската перспектива на регионот и процесот на интеграција во Европската унија.
