Блиски Исток

Израел и Иран си разменија нови напади

08.06.2026 09:53

Израелската војска соопшти дека почнала одмазднички напади врз воени цели во западен и централен Иран, откако Техеран истрела ракета кон северен Израел ...

Израелската војска соопшти дека почнала одмазднички напади врз воени цели во западен и централен Иран, откако Техеран истрела ракета кон северен Израел како одмазда за нападите во јужните предградија на Бејрут. Ова е прво бомбардирање откако стапи на сила кревкото примирје на почетокот на април.

„Иранскиот терористички режим направи голема грешка кога повторно го избра тероризмот. Режимот се обидува да создаде нова равенка со извршување директен напад врз нас. Ние нема да го дозволиме ова. Израелските одбранбени сили ќе продолжат да дејствуваат низ цел Либан и ќе ја продлабочат штетата врз терористичката организација Хезболах. Ние нема да дозволиме континуиран оган кон граѓаните на државата Израел“, изјави бригаден генерал.

Корпусот на Исламската револуционерна гарда вели дека повеќекратните бранови ракети испукани кон северен Израел се почеток на цела недела континуирани напади. Американскиот претседател Трамп претходно го повика израелскиот премиер Нетанјаху да не се одмаздува. И покрај повторените насилства, прогласените прекини на огнот во Газа, Либан и Иран се официјално на сила. Ниту една страна формално не ги повлече ниту ги прогласи примеријата а за завршени.