Во Собранието седници ќе одржат повеќе комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за одбрана и безбедност, како и Законодавно-правната комисија.

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за одбрана и безбедност, како и Законодавно-правната комисија.
Комисијата за европски прашања ќе го разгледува Предлогот на законот за високи раководители, во прво читање, додека Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе ги разгледува – Предлогот на законот за користење на енергијата од обновливи извори и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за возила, исто така во прво читање.
Со измените на Законот за возила, се утврдуваат условите за пуштање на пазар и почетокот на користење на возилата, регистрацијата и техничката исправност на возилата, условите за извршување на работи на техничките служби, правните лица за технички преглед и правните лица за регистрација и регистарот на податоци за возилата. Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за возила е да се прецизира постапката за добивање овластување на правно лице за вршење технички преглед на возила да врши продолжување на регистрација на возила.
Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледуваат Предлог на закон за судска служба и Предлог на закон за јавнообвинителска служба, во прво читање.
На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е предлог на закон за оружјето, во прво читање.
