филипини
Земјотрес од 7,8 степени по Рихтер го погоди островот Минданао
08.06.2026 12:25
Издадени се предупредувања за цунами на Филипините, во соседна Индонезија, како и од американскиот Систем за предупредување од цунами.

Земјотрес од 7,8 степени по Рихтер, проследен со послаби афтершокови го погоди подрачјето покрај јужниот филипински остров Минданао.
Властите соопштија дека има жртви. По потресот, издадени се предупредувања за цунами на Филипините, во соседна Индонезија, како и од американскиот Систем за предупредување од цунами.
На жителите во крајбрежните области им е советувано да се засолнат на повисоки места. Филипините и Индонезија бележат стотици земјотреси секоја година поради таканаречениот „Тихоокеански огнен прстен“, сеизмички активен појас што се протега од Јужна Америка до рускиот Далечен Исток.
