Фдубал

Ериксен се онесвести на мечот со Украина, лекарите уверуваат дека е добро

08.06.2026 10:17

Фудбалерот се сруши на теренот во 65. минута, по што медицинските екипи веднаш реагираа. По кратко време Ериксен се освести, стана на нозе и во придружба на сопругата Сабрина самостојно го напушти теренот, поздравен со аплауз од присутните навивачи.

Голема загриженост предизвика инцидентот со данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен, кој ја загуби свеста за време на пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина (2:1).

Фудбалерот се сруши на теренот во 65. минута, по што медицинските екипи веднаш реагираа. По кратко време Ериксен се освести, стана на нозе и во придружба на сопругата Сабрина самостојно го напушти теренот, поздравен со аплауз од присутните навивачи.

Докторот на данската репрезентација, Мортен Боесен, потврди дека состојбата на искусниот играч е стабилна.

„Кристијан е добро. Го напушти теренот сам и, според првичните информации, пејсмејкерот функционира нормално. Кратко време беше без свест, но брзо воспоставивме контакт со него. Ќе бидат направени дополнителни прегледи за да се утврди причината за инцидентот“, изјави Боесен.

Настанот неизбежно ги потсети љубителите на фудбалот на драматичните сцени од Европското првенство во 2021 година, кога Ериксен доживеа срцев удар за време на натпреварот против Финска. Тогаш лекарите успеаја да му го спасат животот, а подоцна му беше вграден пејсмејкер.

Според лекарскиот тим, Ериксен во моментов се чувствува добро и останува под медицински надзор додека траат дополнителните испитувања.