Стопанска комора: Градежништвото бележи тренд на зголемување на активностите
Во 2013 - тата имало вкупно 4.330 градежни компании кои што вработувале околу 45.000 работници...

Градежништвото во последниве години бележи тренд на зголемување на активностите. Се зголемува учеството во БДП, се зголемува бројот на вработени. Во 2013 - тата имало вкупно 4.330 градежни компании кои што вработувале околу 45.000 работници.
Како што соопшти денеска Стопанската комора, градежништвото со себе повлекува и други гранки, а тоа придонесува за нивен развој.
„Радува податокот дека градежништвото подолго време се ангажира во нискоградбата, речиси рамномерно низ целата држава, што беше наша заложба - на патот Смоквица-Демир Капија како дел од Коридорот 10, на автопатите од Миладиновци кон Штип и од Кичево кон Охрид. Ова е предноста што ја баравме, брз проток на стоки и услуги“, истакна денеска на прес-конференција Марија Петроска од Здружението за градежништво при Стопанската комора.
Изградбата на патната инфраструктура, напомена, ќе придонесе и за развој на руралниот туризам за кој во земјава постојат извонредни услови.
