МВР

Јанев: Продолжува соработката во борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

08.06.2026 19:28

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, на средба со претставниците на проектот EU4FAST ја потврди подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката во справувањето со криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе и организираниот криминал.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска оствари работна средба со претставници на проектниот тим на регионалниот ИПА проект EU4FAST, насочен кон зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан.

На средбата била потврдена успешната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и проектниот тим на EU4FAST, особено во делот на јакнењето на институционалните капацитети и унапредувањето на безбедноста.

Јанев се заблагодарил за досегашната поддршка и реализираните активности во рамки на проектот, оценувајќи дека постигнатите резултати се пример за успешна меѓународна соработка. Тој ја истакнал и подготвеноста на БЈБ за реализација на нови заеднички активности.

Соговорниците констатирале дека соработката се одвива на високо ниво и ќе продолжи и во иднина, со цел поефикасно справување со предизвиците од организираниот криминал и зајакнување на безбедноста во регионот.