30 проценти од болниците исполнуваат услови за безбедност
Една третина од установите кои нудат болничко лекување ги исполнуваат организациските стандарди, како и лекувањето на пациентите и безбедноста на пациентите. Во моментот 10 болници се подготвуваат за акредитација, велат од Агенцијата за квалитет и акредитација...

Една третина од установите кои нудат болничко лекување ги исполнуваат организациските стандарди, како и лекувањето на пациентите и безбедноста на пациентите. Во моментот 10 болници се подготвуваат за акредитација, велат од Агенцијата за квалитет и акредитација.
Фондот за здравство во новите седумгодишни договори што треба да ги склучи со здравствените установи, ќе стави имаат обврски за следење на квалитетот.
Министерот за здравство, очекува новите закони и дигитализацијата да го излечат здравството. Ќе реагира до оние што не ги ажурираат листите за хируршки интервенции.
Да се смени начинот на размислување, да се вложи во примарната здравствена заштита, да се намалат пациенти на кои им треба хируршка интервенција и болничко лекување.
Од пациентските здруженија велат, надлежните не ги препознаваат приоритетите.
Сензори за мерење шеќер во крвта и инсулински пумпи нема за сите, тоа е една од причините за подоцнежни потреби за болничко лекување на компилации.
Наташа Јанчиќ – Менковски
