Дуќанџиите од Струга протестираа против одлуката на градоначалникот за уривање на дуќаните

22.09.2014 14:52

Корисниците на времените објекти во Струга денеска протестираат поради намерата на градоначалникот Зијадин Села да ја спроведе сопствената одлука за уривање на дуќаните. Тие тврдат дека Села не го испочитувал барањето за запирање на ваквите чекори, што го донесол државниот инспекторат на министерството за локална самоуправа. Од општина Струга молк.

Корисниците на привремените објекти кои општината сака да ги отстрани велат дека ако се реализира оваа одлука ќе останат без егзистенција но и дека е спротивно на законот:

„36 години имам деловен простор. Работам како саатчија имам син невработен, снаата исто така невработена и отворив бизнис тие да работаат. Сега со ова доаѓа сами со себе да шепотиме“, изјави Меди Дика саатчија во Струга.

„Од ова живеам ранам четиричлено семејство, редовно ги подмирувам давачките, редовно плаќам кирија, фирмарина, плаќам и за местото“, рече на денешниот протест Анастас Карамитрески.

Овие објекти можат да се отсранат  според член 2, став 5 од законот за градежно земјиште, односно само доколку отпочне со реализација на урбанистички план. Од општината повторно со молк.

На денешниот протест пред општина Струга од незадоволните сопственици на привремени објекти за нивно отстранување кои ги има вкупно 160 во нашиот град, градоначалникот на Струга не се одважи и не даде никаква изјава во врска со она што планира да го направи.

Корисниците на објектите потенцираат дека реализиацијата на ваквиот потег на општинските власти во Струга е спротивна на законот за градежно земјиште.

„Во Струга има 160 киосци помножено со четворица тоа е околу 500 души без работа, кога државата дава бенефициии по три илјади евра за запослување во приватниот сектор на малото стопанство ние овде сега носиме одлука за распуштање на малото стопанство“, вели Кујтим Ќура споственик на времен објект покрај плоштадот на револуцијата во Струга.

На 24. Јули 2014 година државниот инспектор за локална самоуправа донесол решение за запирање на ваквите чекори на општината. На денешниот протест е побарано Советот на општина Струга да ја поништи одлуката која ја донесе на крајот на јануари оваа година.

Јованчо Наумоски