УКРАИНА

Украина: ООН нотира 16 илјади жртви

09.06.2026 08:44

Нотирано дека војната денес е посмртоносна од почетокот на целосната инвазија на Руската Федерација во 2022 година...

Мирот и безбедноста на Украина тема на Советот за безбедност на Обединетите нации. Нотирано дека војната денес е посмртоносна од почетокот на целосната инвазија на Руската Федерација во 2022 година. Канцеларијата на комесаријатот за човекови права сè уште ги проверува бројките за убиени речиси 16 илјади цивили, вклучувајќи 791 дете, се стравува дека вистинските бројки се поголеми.

„Не е предоцна повторно да се вклучиме во дијалог и преговори со добра волја. Долгорочната безбедност и стабилност на Европа зависат од заеднички и инклузивни дипломатски напори за завршување на оваа војна. Како приоритет, го повторувам повикот на генералниот секретар за итен, целосен и безусловно прекин на огнот“, изјави Розмари Дикарло, заменик-генерален секретар на ООН за политички и мировни прашања.

Рускиот министер за надворешни работи изјави дека е тешко да се коментираат перспективите за мировни преговори во Украина во овој момент. Лавров рече дека Москва е подготвена за преговори, но тие мора да бидат искрени. Резултатите од анкетата на Меѓународниот институт за социологија во Киев, спроведена од 7 мај до 3 јуни, покажуваат дека 61 процент од анкетираните Украинци би поддржале прекин на огнот доколку војници од европските земји бидат распоредени во близина на фронтовската линија.