Одбојка – СП жени Италија 2014

Голема конкуренција на 17-от мундијал!

22.09.2014 14:55

Прогнозата за 17-то Светско првенство во одбојка за жени, коешто утре ќе стартува во Италија, вели дека ова ќе биде едно од најинтересните. Причина за тоа е зголемениот број репрезентации коишто ќе конкурираат за завршницата на форматот од три фази. 24 селекции ќе бидат поделени во четири групи по шест. По четири од секоја од ќе продолжат во втората фаза и ќе ги пренесат бодовите освоени во меѓусебните дуелите. Потоа, исто како и на машкиот мундијал, по три репрезентации ќе ги формираат двете четвртфинални групи од коишто ќе произлезат и учесниците во полуфиналето.

Главни фаворити за медали ќе бидат Русија, којашто од вкупно шесте злата, две освои на минатото и на првенството во 2006-та, како и Бразилките кои се актуелни олимписки шампионки, но никогаш не биле први во светот.  Меѓудругото и поради фактот дека е домаќин, првакот од 2002-ра Италија е во главната конкуренција за одличје, заедно со Американките, со Куба, секогаш незгодните азиски селекции Јапонија и Кина, како и Србија. Тоа се и реперезентации коишто учествуваа во распредалбата на медалите на последните пет Светски првенства. Неизвесноста овојпат ќе биде зголемена и поради напредокот на Германија, Белгија, и на Турција и на Азербејџан коишто вложуваат многу во женската одбојка.

Шампионатот ќе се одигра во шест града, Милано, Рим, Трст, Модена, Бари и во Верона. Во Групата А ќе се соочат:  Италија, Домениканска Република, Германија, Аргентина, Хрватска и Тунис. Б групата ја сочинуваат. Бразил, Србија, Турција, Канада. Камерун и Бугарија. Составот на конкуренцијата Ц е САД, Русија, Тајланд, Холандија, Казахстан и Мексико, додека во сегментот Д ќе играат Јапонија, Кина, Порторико, Куба, Белгија и Азербејџан.

Поседните два мундијала се одиграа во Јапонија, а на оној во 2010-та Русија во финалето го совлада Бразил со 3:2, додека во мечот за бронзата Јапонија исто така во пет сета беше подобра од САД.

Македонската телевизија, на собранискиот сервис, ќе емитува преноси од 20 натпревари од Светското првенство во одбојка за жени - Италија 2014-та.