Собрание

Седница за буџетското работење денеска во Собрание

09.06.2026 09:01

На дневен ред се Предлог-одлуката за давање согласност за изменување на Буџетот на Собранието за 2026 година, како и Предлог-правилникот за начинот и условите за користење на средствата обезбедени во собранискиот буџет...

Буџетскиот совет на Собранието денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледуваат прашања поврзани со буџетското работење на законодавниот дом.

На дневен ред се Предлог-одлуката за давање согласност за изменување на Буџетот на Собранието за 2026 година, како и Предлог-правилникот за начинот и условите за користење на средствата обезбедени во собранискиот буџет за потребите на Советот за граѓански надзор.

Членовите на Советот се очекува да расправаат за предложените решенија и нивната примена во текот на наредната буџетска година.