МКС го суспендираше главниот обвинител Кан поради сомнежи за сексуални напади
Во 2024 година, негова блиска соработничка го обвини британскиот правник дека во неколку наврати ја вознемирувал и принудувал. Комисија на Обединетите нации ги истражуваше обвинувањата...

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, е суспендиран поради сомнежи за сексуални напади.
Во 2024 година, негова блиска соработничка го обвини британскиот правник дека во неколку наврати ја вознемирувал и принудувал. Комисија на Обединетите нации ги истражуваше обвинувањата, го достави извештајот лани, но досега не е објавен. Тројца судии на меѓународниот кривичен суд врз основа на истрагата подготвиле правно мислење, кое исто така не е објавено.
Кан ги отфрла сите обвинувања, а повеќе од една година ја стави функцијата во мирување и најави дека ќе се врати кога обвинувањата ќе бидат разјаснети. За можноста за негово разрешување од функцијата, државите членки треба конечно да одлучат на вонредна седница.
Кан беше главен обвинител од 2021 година и, меѓу другото, издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и рускиот претседател Путин.
