Прва победа за Сан Антонио во финалната серија на НБА

09.06.2026 10:46

Сан Антонио Спарс остана во трката за шампионската титула во НБА откако славеше на гостувањето кај Њујорк Никс со 115-111 и ја намали негативата во финалната серија.

Предводени од одличниот Виктор Вембањама, кој постигна 32 поени, осум скока и шест асистенции, Спарс ја прекинаа победничката низа на Никс и ја задржаа надежта за пресврт во битката за титулата. Значаен придонес даде и Стефон Касл со 23 поени.

Кај Њујорк најефикасни беа Џејлен Брансон со 32 и Оу Џи Ануноби со 28 поени, но нивниот учинок не беше доволен за нов триумф. Поразот ја прекина серијата од 13 победи на Никс во плејофот.

Следниот натпревар повторно ќе се игра во Њујорк, каде Никс ќе се обидат да се доближат до титулата, додека Сан Антонио ќе бара нова победа и дополнително враќање на неизвесноста во финалната серија.