Македонија

МВР утре ќе спроведе симулациска вежба во близина на Грачани

09.06.2026 18:34

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, 10 јуни, од 12 до 13 часот ќе се одржи симулациска вежба во атарот на селото Грачани, во скопскиот регион.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре (10 јуни), во периодот од 12:00 до 13:00 часот, во атарот на село Грачани ќе се реализира симулациска вежба.

За потребите на вежбата на терен ќе бидат ангажирани полициски службеници и службени возила, поради што се очекува зголемено присуство на припадници на безбедносните служби во наведениот реон.

Од МВР апелираат до граѓаните кои ќе се најдат во близина да ги почитуваат насоките и упатствата на службените лица за непречено спроведување на активностите.