Собрание

Законот за заштита од пушење во Собрание

09.06.2026 12:27

Во матичната собраниска Комисија за здравство е предлог-законот за заштита од пушење. Со него се предвидува забрана за пушење во јавни и работни простори, како и прецизно регулирање на терасите на угостителските објекти.

Попладнево, во матичната собраниска Комисија за здравство е предлог-законот за заштита од пушење. Со него се предвидува забрана за пушење во јавни и работни простори, како и прецизно регулирање на терасите на угостителските објекти.

За првпат се опфатени и електронските цигари, загреаните тутунски производи и другите нови никотински производи. Решението предвидува заострувањето на правилата за рекламирање и промоција на тутунски и сродни производи, особено во дигиталниот простор и на социјалните мрежи, за да се намали влијанието врз младите.

Законот ќе стапи во сила веднаш, освен одредбата со која угостителите треба да ги преадаптираат и пренаменат своите локали, за што се предвидени 12 месеци грејс период. Законот предвидува ригорозни контроли за евентуално непочитување на неговото спроведување.