Осум возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување, седуммина возеле без дозвола
Полициски службеници во изминатото деноноќие лишиле од слобода осум возачи на територијата на државата поради безобѕирно управување со возило. Седуммина од нив управувале без возачка дозвола, додека едно лице возело и покрај активна забрана за управување моторно возило.
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на државата лишиле од слобода осум возачи поради безобѕирно управување со возило.
Од нив, седум лица биле затекнати како управуваат моторни возила без возачка дозвола. Тројца од возачите биле во Скопје, а по едно лице во Кичево, Тетово, Кавадарци и Кочани.
Дополнително, во Кичево било приведено лице кое управувало возило и покрај тоа што имало активна забрана за управување.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Воедно, МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
