Македонија

Законот за пушење во собраниска процедура

09.06.2026 17:29

Предлог-законот за заштита од пушење влезе во собраниска процедура, во Комисиите за здравство и Законодавно-правната. Заменик-министерот вели дека новото решение е потребно, бидејќи од последното е донесено пред три децении, кога не постоеле нови никотински и тутунски производи...

Предлог-законот за заштита од пушење влезе во собраниска процедура, во Комисиите за здравство и Законодавно-правната. Заменик-министерот вели дека новото решение е потребно, бидејќи од последното е донесено пред три децении, кога не постоеле нови никотински и тутунски производи.

Предлог-законот за пушење треба да го намали бројот од над 45 проценти од возрасните кои пушат, што нè прави со една од највисоките стапки во Европа. Загрижувачки е дека над 13 проценти од младите на возраст од 13 или 15 години пушат, што е највисока бројка досега, а во над 75 проценти од случаите не биле одбиени при продажба на цигари како малолетни.

Девет проценти пушат електронски цигари, а загреан тутун околу пет проценти. 57 проценти од учениците се изложени на тутунски чад во затворени простории.

Новиот закон за пушење се проширува и на електронските цигари, загреаниот тутун и се зголемува просторот каде важи забраната за пушење околу училиштата, градинките, здравствените установи, постојките за јавен превоз, во затворените и полузатворените тераси и местата каде има деца.

Новиот закон за пушење забранува и рекламирање на цигарите на продажните места и продажба преку интернет. Санкциите за прекршување на законот драстично се зголемени.

Ирина Гелевска