апелација

Потврдена затворската казна за Стевчо Јакимовски

09.06.2026 17:03

Апелацискиот суд ја потврди едногодишната затворска казна на Стевчо Јакимовски, со која беше прогласен за виновен за бесправно градење на административната општинска зграда во Карпош. Ова значи дека тој ќе треба да оди во затвор – предметот е веќе пратен кај судија за извршување санкции. Јакимовски вели дека од денеска, тој е политички затвореник – тврди дека не ги прекршил законските прописи …

Апелацискиот суд делумно ја потврди пресудата против Стевчо Јакимовски за изградба на општинската зграда во Карпош. Второстепениот суд е согласен со пресудата од 1 година затвор за бесправно градење, во кое се засметува и времето кое Јакимовски го помина во куќен притвор. Сега е на потег е судијата за извршување санкции.

За второто дело, злоупотреба на службената положба и овластување, за кое предвидената казна е од три до пет години, прифатена е жалбата на Јакимовски и предметот се враќа на повторно судење, иако делото му застарува во 2027 година. Првостепената пресуда за второобвинетиот, кој доби условна осуда е укината од апелациониот суд и предметот е вратен на повторно постапување.

Јакимовски тврди дека е осуден политички, посочи дека редовен бил на сите 43 рочишта. Очекува на Врховен ваквата одлука да падне.

Според обвинението, Јакимовски како градоначалник дозволил објектот на општина Карпош каде што е сместена општинската администрација да се изгради без одобрение за градба и без соодветно архитектонско-урбанистичка документација.

Наташа Гркова-Петрушевска