Гаранцијата прифатена, Богоев излегува од притвор
Прифатена е жалбата на одбраната против одлуката на судијата на претходна постапка за одредување 30 – дневен притвор. Оценето е дека гаранцијата треба да го обезбеди присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката...

Кривичниот совет при скопска единица ја прифати гаранцијата од 55 илјади евра. Ексдиректорот на царината, Стефан Богоев излегува од притвор.
Прифатена е жалбата на одбраната против одлуката на судијата на претходна постапка за одредување 30 – дневен притвор. Оценето е дека гаранцијата треба да го обезбеди присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката. На Богоев му се определени мерки на претпазливост, одземен му е пасошот и не смее да ја премине државната граница.
Богоев и уште тројца се осомничени за местење тендер вреден 300 илјади евра, а тој и за примање награда од 1.800 евра.
