Софија
Денеска средба Сиљановска-Давкова со Јотова
10.06.2026 08:02
Сиљановска-Давкова во посета на Софија каде што треба да се одржи билатерална средба на највисоко ниво со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во посета на Софија каде што треба да се одржи билатерална средба на највисоко ниво со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова.
Средбата се одржува на маргините на самитот на процесот за соработка во југоисточна Европа.
Пред посетата, претседателката Сиљановска-Давкова изјави дека средбата е продолжение на разговорите со Јотова кои почнале на самитот во Ереван. Додаде дека нема нерешлив проблем и дека очекува на средбата да се разговара за сите суштински прашања.
