Украина

Зеленски бара посилна европска улога

10.06.2026 11:39

Додека Киев и Москва разменуваат напади, Зеленски ги зајакнува одбранбените врски со балтичките земји и бара поголем европски ангажман во мировните преговори.

Фронтот во Украина продолжува да гори. Додека Киев и Москва разменуваат напади, Зеленски ги зајакнува одбранбените врски со балтичките земји и бара поголем европски ангажман во мировните преговори. Кремљ, пак, ги отфрла европските иницијативи за посредување и оценува дека Европа не е подготвена за улога на посредник.

„Треба да продолжиме со притисокот и да ја доведеме Русија на дипломатски колосек. На Европа ѝ е потребен вистински и силен глас во преговорите и да биде меѓу оние што ќе донесуваат одлуки. Америка е подготвена активно да се вклучи во дипломатските процеси“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

„Прво, започнувањето на посредничките напори со поставување какви било услови на Русија е веројатно нелогично, погрешно и, секако, неприфатливо за нас. Но, најважно од сè, гледаме дека Европејците се многу повеќе фокусирани на продолжување на војната отколку на мировните преговори“, изјави Дмитриј Песков – портпарол на Кремљ.