северна Ирска

Антиимиграциски протести во Белфаст

10.06.2026 14:13

Протести и насилства избувнаа во Северна Ирска по нападот со нож во Белфаст, за кој е обвинет 30-годишен Суданец што побарал азил во Велика Британија.

Антиимиграциски протести и насилства избувнаа во Северна Ирска по нападот со нож во Белфаст, за кој е обвинет 30-годишен Суданец што побарал азил во Велика Британија. Маскирани демонстранти палеа куќи, автомобили, автобуси и барикади, а немири беа пријавени и во други британски градови.

Политичките лидери и премиерот Кир Стармер остро го осудија насилството. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и дека засега нема докази оти нападот е поврзан со тероризам. Во инцидентот тешко е повреден еден маж, кој е хоспитализиран, а осомничениот денеска треба да се појави пред суд.

„Го споделувам згрозувањето на јавноста од бруталната природа на овој напад, кој предизвика загриженост не само овде во Северна Ирска, туку и многу подалеку. Во оваа фаза, немаме информации што укажуваат дека ова бил инцидент поврзан со тероризам. Сепак, морам да нагласам дека сè уште сме во раните фази од нашата истрага“, изјави Рајан Хендерсон - помошник-началник на Полициската служба на Северна Ирска.