Одлична соработка меѓу АРМ и Националната гарда на Вермонт

22.09.2014 15:56

Соработката меѓу Македонија и националната гарда на Вермонт е одлична, констатираа генералите Креј и Котески. Армиите на двете земји имаат заедничко повеќегодишно искуство во мировните операции.

На денешната средба началникот на ГШ на АРМ Горанчо Котески ја истакна одличната соработка на АРМ со Националната гарда на Вермонт, укажувајќи посебно на заедничкото учество во мировни операции, реализацијата на голем број заеднички вежби, обуки и едукација на припадниците на двете армии.

Генерал- марој Стивен Креј заблагодарувајќи се на гостопримството, истакна дека е горд на соработката со АРМ и дека пријателството кое изминатите години е изградено, значи и партнерство. Генерал Крај наведе дека бројните активности помеѓу двете армии во изминатите години, го прават навистина силно партнерството помеѓу нив, нарекувајќи ги припадниците на двете армии „браќа и сестри по оружје“.

Командантот на Националната гарда на Вермонт беше примен и разговараше и со министерот за одбрана Зоран Јолевски.