кенија

Протести и судири по план за ебола центар

10.06.2026 10:46

Во кенискиот град Нанјуки поради американските планови за изградба на карантински центар за ебола во близина на воената база на САД. Десетици луѓе се уапсени

Протести во кенискиот град Нанјуки поради американските планови за изградба на карантински центар за ебола во близина на воената база на САД. Десетици луѓе се уапсени, а има и извештаи за смртни случаи откако полицијата се судри со демонстрантите кои фрлаа камења и палеа огнови.

Според планот на Вашингтон, заболените американци наместо да бидат враќани дома требало да се лекуваат во новиот објект во Кенија. По зголемениот притисок од јавноста и локалните власти, проектот е стопиран со судска одлука.

„Добиваме извештаи дека некој е застрелан и убиен. Се прашуваме, од кога нашите безбедносни сили почнаа да ги убиваат нашите луѓе за да заштитат американски објект кој е наменет за лекување на Американци? Не сакаме да увезуваме ебола во Кенија“, изјави Марлин Ндегва – активистка.

„Зошто не би ја пренеле еболата на друго место? Не ја сакаме. Затоа, ве молам, претседателе, тука немаме ебола.“, изјави Алекс Ндериту – жител на Нанјуки.