мвр

Приведени петмина турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој

10.06.2026 12:02

По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави...

На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа М.Е.С. (19), П.С.(23), Ј.С.(19), Д.Г. (250 и Б.Т.Б.(20), сите од Р. Турција, поради нерегулиран престој во државата.

По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.