Конференција за дигитална трансформација на Западен Балкан во Скопје
По повод 250 години независност на САД, американската амбасада и Бирото за сајбер простор на Стејт департментот се организатори на дводневна регионална конференција „Акцелератор за дигитална трансформација на Западен Балкан“ во Скопје.

Конференцијата ќе обезбеди платформа за идентификување, дискусија и справување со можностите и предизвиците што го обликуваат дигиталниот пејзаж на Западен Балкан, со фокус на унапредување на дигиталната трансформација, зајакнување на регионалната соработка и промовирање безбедни и отпорни дигитални екосистеми.
Конференцијата ќе ја отворат вршителката на должност шеф на мисијата во амбасадата на САД, Никол Варнс и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. На конференцијата учествуваат владини претставници и технички експерти од целиот Западен Балкан, водечки американски компании од индустријата со цел унапредување на партнерствата кои го штитат дигиталниот суверенитет и ги зајакнуваат економиите.